5 ДА за боровинките

Покрај добриот вкус, конзумирањето на боровинки нуди бројни здравствени придобивки. Без разлика дали ги јадете директно од грмушка или ги користите како прилог во друга храна, еве 5 причини уште повеќе да ги засакате.

1. Боровинките штитат од рак, срцеви болести и дијабетес

Истражувачите анализирале 25  најчесто конзумирани овошја за нивната антиоксидантна активност и заедно со калинката, боровинките имаат највисока.

Антиоксидансите му  помагаат на  нашето тело  да ги неутрализира слободните радикали и спречуваат  оксидативен стрес, кој може да предизвика сериозно оштетување на клетките и се смета дека игра голема улога во развојот на рак, дијабетес и кардиоваскуларни болести.

2. Боровинките може да го успорат вашиот биолошки часовник

Никој не знае со сигурност зошто  луѓето стареат, но оксидативниот  стрес  има огромен придонес во  намалување на телесните функции  и зголемувањето  на брчки и опуштена кожа на органите, пропратно со стареењето.

Четири неделна  студија на  168 луѓе, покажа дека дневна доза на боровинки/сок од јаболко го намалува оштетувањето на ДНК  поради оксидативен стрес за 20%.

3. Боровинките го намалуваат вашиот крвен притисок

Доколу имате малку поголема тежина и висок крвен притисок, обидете да конзумирате околу 60 гр боровинки секојдневно.

Учесниците во  една студија успеале  да го намалат крвниот притисок и до 6% со едноставно  додаваање на боровинки  во нивната секојдневна исхрана.

4. Боровинките штитат од опаѓање на когнитивната функција

Сите ние сакаме да остариме  со зачувана меморија колку што е можно подолго. Излегува дека редовното консумирање на боровинки и јагоди се го одложува  когнитивнито стареење за неколку години.

Истражувачите откриле дека зголемената конзумација на боровинки може да доведе до побрзо расчистување на токсичните  протеини од мозокот, што е особено значајно кај Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест.

5. Боровинките се добри за вашите црева и мочниот меур

Пред многу векови, боровинките биле популарна храна за третман  и на констипација и на дијареа, бидејќи тие содржат многу растворливи и нерастворливи влакна за поттикнување на движења на дебелото црево, како и танини. Танини се  стеги кои ја регулираат столицата.

Исто така, сокот  од боровинки  е еднакво ефикасен  како брусницата  кај луѓе со инфекции на уринарниот тракт, бидејќи и тие  содржат соединенија кои ја намалуваат  способноста на бактеријата Eшерихиа  коли  да се прикачи на  ѕидот на мочниот меур.Освен обезбедувањето  на големи количини на антиоксиданси, боровинките се исто така одличен извор на витамин Ц, К и Е, како и манган.

Поддржете ја нашата работа: