5 заеднички карактеристики на генијалците

Кога зборуваме за генијалци најчесто се потсетуваме на позната екипа на ликови како историските Бенџамин Френклин, Алберт Ајнштајн или генијалците од поново време како Стив Џобс, кои се ценети за нивниот интелект и креативност. Луѓето најчесто сметаат дека тие се единствени и не може да се категоризираат или споредат со никој друг. Тоа е делумно точно, но според Волтер Исаксон, поранешен претседател на „CNN “ кој напишал биографии за Бенџамин Френклин, Алберт Ајнштај и неодамна за Стив Џобс, се чини дека сите гении имаат неколку заеднички карактеристики.

  1. Страст за совршенство

Сите генијалци имаат тенденција да бидат опсесивни перфекционисти. Исаксон го зема Стив Џобс како пример и илустрира една приказна од детството на Џобс кога тој градел ограда со својот татко. Татко му му кажал дека е важно оградата да биде убава и од позади, исто како и од напред. Кога Џобс го прашал татко му зошто, кога и онака никој нема да ја забележи разликата, татко му му одговорил: „Ти ќе ја забележиш“.

Оваа лекција Џобс ја применувал во текот на целата негова кариера, обрнувајќи внимание дури и на најскриените детали. Токму затоа основал компанија која трае и ќе трае уште долго – бидејќи се фокусирал на правењето добри производи, а ако правиш добри производи, ќе следи и добар профит.

  1. Едноставност

Исаксон ја истакнува едноставноста како уште една опсесија на вистинските гении. Повторно за пример го посочува Џобс, кој при дизајнирањето на „iPod“ сакал секоја песна од библиотеката да им е достапна на луѓето со само три клика. Така, неговиот тим смислил уште побрза и подобра варијанта – тркалцето за лизгање.

  1. Прават другите луѓе да прават нешта што никогаш не ни помислиле дека можат да ги направат

Иако Џобс бил прилично тешка и надворешно студена личност за соработка, тој работел со најлојалните луѓе бидејќи можел да ги натера да направат работи за кои не ни знаеле дека можат да ги направат. Тој ги потикнувал своите вработени или колеги со зборовите „Не плашете се. Можете да го направите тоа“.

  1. Тенденција за депресија

Истражувањата покажуваат дека креативните лица, без разлика дали се боемски уметници или ригорозни научници, имаат поширок емоционален опсег од останатите. Иако ова може да резултира со невидени иновации, како на пример Ајнштајновата теорија за релативноста или раскошно дизајнираниот компјутер „Macintosh“, најчесто на виделина излегува и негативната страна, а тоа е депресијата.

Едно истражување од 1993 година покажува дека истакнатите уметници имаат од 10 до 30 пати поголеми шанси да страдаат од депресија и манична депресија.

  1. Продолжување напред, заедно

Се разбира дека не сметаме дека менталното здравје е главната карактеристика на генијалците. Болестите може да демнат од темнината, но главниот белег на генијалците е нивниот резултат, а не трнливиот пат кој го поминале за да стигнат до таму.

Генијаците се издвојуваат од останатите бидејќи не само што ја преферираат големината, туку ја бараат, а ако не постои, ќе ја откријат или самите ќе ја создадат.

Генијалците никогаш не го одат тој трнлив пат сами, секогаш имаат група на истражувачи, инженери или дизајнери кои стојат позади нив, кои си ги покриваат слабостите и ги прошируваат силите.

Генијалците го препознаваат она што е важно и ги сплотуваат другите луѓе во обидот да го достигнат. Токму тоа е дел од нивната генијалност.

Поддржете ја нашата работа: