Протекоа нови информации за „Samsung Galaxy Note 7“

Се очекува новиот „Samsung Galaxy Note 7“ да излезе во продажба за неколку месеци, а сега протекоа нови спецификации од Кина кои ни откриваат што може да очекуваме од овој мобилен телефон.

Според новите информации, „Samsung Galaxy Note 7“ ќе има нов процесор „Snapdragon 821“, заедно со процесорот „Exynos 8893“ на Самсунг. Се вели дека телефонот ќе има 5,7 инчен QHD дисплеј, 6 GB RAM и 64/128/256 GB внатрешна меморија, како и можност за „microSD“ мемориска картичка.

Другите карактеристики вклучуваат 12-мегапикселна задна камера со двојни пиксели за слики и видеа и 5-мегапикселна предна камера, 4.000 mAh батерија со поддршка за брзо полнење и инсталиран „Android 6.0.1 Marshmallow“.

Се очекува дека оваа година Самсунг нема да го претстави својот телефон на „IFA“ и дека тоа ќе го објави во август, неколку недели пред одржувањето на „IFA“ – светскиот саем за електроника и домашни апарати кој ќе се одржи од 2 до 7 септември во Берлин.

Од компанијата се’ уште нема никаков коментар за сето ова, па ни останува да проследиме што ќе се случува во следниве неколку месеци.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.