6 факти за оралниот секс

Но, сега веќе многу поотворено се зборува за оралниот секс и во филмовите, телевизиските емисии и списанијата, како за пријатен дел од врската на двајца возрасни лица. Сепак, постојат многу работи за оралниот секс што сексуално активните луѓе би требало да ги знаат пред да почнат да практикуваат фелацио или кунилингус со своите партнери.

Според Националната анкета за сексулно здравје и однесување (NSSHB) од 2010 година, 27 проценти од мажите и 19 проценти од жените имале орален секс претходната година. Во 2012 година две третини од младите Американци, на возраст помеѓу 15 и 24 години практикувале орален секс. Повеќето од овие млади луѓе пробале орален секс пред да имаат сексуални односи поради погрешната претстава дека оралниот секс „не е ризичен“, што воопшто не е точно.

Еве неколку факти што ќе помогнат да се разјаснат некои работи околу сексот, особено околу оралниот секс и за тоа што може да му се случи на телото.

1. Мажите даваат онолку орален секс колку што добиваат, особено повозрасните мажи

Спротивно на вообичаеното верување, мажите, особено повозрасните мажи, им пружаат орален секс на жените колку што и добиваат од нив. Истражувањето од 2010 година покажало дека 55% од мажите на возраст помеѓу 20 и 24 години имале орален секс во претходната година, во споредба со 75% од жените, додека 69 % од мажите на возраст  помеѓу 30 и 39 години имале орален секс, а 59 % од жените. Ова покажува дека колку сте повозрасни реципроцитетот во оралниот секс е поизразен.

2. Оралениот секс може да го намали ризикот од прееклампсија

Бремените жени кои му пружаат орален секс на својот машки партнер, можат да го намалат ризикот од прееклампсија. Едно истражување од 2000-та година покажало силна поврзаност помеѓу намалената појава на прееклампсија и тоа колку често жената практикувала орален секс. Ако жената претходно била релативно малку изложена на спермата од таткото на детето, имала поголеми изгледи да развие ваква состојба, во споредба со тоа ако практикувала орален секс и ја голтала неговата сперма.

Истражувачите веруваат дека ова се случува бидејќи се развива имунолошка толеранција преку оралното внесување и гастроинтестиналната апсорпција на спермата. Ова го поддржува мислењето дека честото практикување на секс со партнерот кој е татко на детето, може значително да ги намали шансите жената да развие преекламсија. Оваа компликација се карактеризра со висок крвен притисок и често е пропратена со задршка на течности и протеинурија.

3. Голтањето на спермата за време на бременост може да ги намали утринските мачнини

Обично, утринските мачнини што кај жената се јавуваат во првите месеци од бременоста можат да се санираат со едно лажиче ѓумбир или нане. Меѓутоа во извештајот изготвен од психологот Гордон Галуп од Универзитетот во Албени се укажува дека голтањето на  спермата од таткото на детето може да ги ослободи бремените жени од утринските мачнини. Според Галуп, телото на жената прво ќе ја отфрли спермата реагирајќи како на инфекција и ќе предизвика повраќање, но подоцна телото ќе развие толеранција на спермата што ќе доведе до ублажување на утринските мачнини.

4. Спермата преку орален секс може да го намали ризикот од депресија

Една студија објавена во 2012 година покажува дека семената течност може да има антидепресивни својства и може значително да ја намали депресијата кај жените што практикуваат орален секс и сексуални односи. Истражувачите исто така нагласуваат дека жените кои себеси се опишувале како „промискуитетни“, меѓутоа користеле кондом, биле исто депресивни како и жените кои апстинирале. Хемикалиите во спермата кои делуваат на расположението, можат да го подигнат расположението, да ја зголемат приврзаноста и да штитат од депресија.

5. Од орален секс може да добиете рак

Поврзаноста помеѓу орофарингеалниот рак со ХПВ вирусот во последните години во САД е се поголема. Една студија од 2011 година, објавена во списанието „Journal of Clinical Oncology“, покажува дека процентот на рак што се поврзува со хуман папилома вирусот (ХПВ) се зголемил од 16 на 72 проценти, од крајот на 1980-тите до почетокот на 2000-та година, особено помеѓу мажите-белци во средни години. Сексуално преносливите болести може да предизвикаат промени на гениталиите, но можат да бидат присутни и без појава на симптоми. Ако не се третираат може да предизвикаат рак, помеѓу другото и на цервиксот, анусот, пенисот, вагината и главата и вратот.

6. Може да добиете сексуално преносливи болести (СПБ) преку орален секс

СПБ обично се пренесуваат преку вагинален секс, но и незаштитениот орален секс претставува голем ризик. ХПВ, гонореа, сифилис, генитален херпес и хепатитис Б, можат да се пренесат преку орален секс. Според „Planned Parenthood“, помала е веројатноста ХИВ вирусот да се пренесе на овој начин.

И оралниот секс е секс, па затоа мора да се внимава и по можност секогаш да се користи кондом, за да се намали преносот на сексуално преносливите болести.

Поддржете ја нашата работа: