6 невообичаени фобии поврзани со здравјето

Милиони луѓе ширум светот живеат со прекумерни и исцрпувачки стравови кои ги прават секојдневните активности исклучително тешки. Фобиите се комплексни стравови кои често влечат корени од стресни ситуации во детството или од тешки трауми.

Американската психијатриска асоцијација има дефинирано преку 100 различни фобии кои се длабоко вкоренети во психата и за кои е потребна медицинска интервенција. Докторите не откриле генетска врска за фобиите, нити ефикасен третман за секоја од нив, но на пациентите може да им се помогне преку различни третмани и терапии.

ПредходнаСледно

11 Социјлна фобија: Страв од друштво или од луѓе воопшто

Луѓето се социјални битија и создаваат релации кои водат до заедници и создавање на потомство. Релациите, исто така се суштински за создавање на продуктивна работна средина и ни помагаат во создавање на нови искуства.

Луѓето кои страдаат од ваква фобија се соочуваат со проблем кога треба самите да се претстават или да зборуваат во јавност, да создаваат релации, да бидат набљудувањи додека работат, или да бидат во центарот на вниманието. Во посериозните случаи, пациентите може да развијат депресија.

Најпопуларна метода за третман за оваа фобија е психотерапијата. Пациентите со време би требало да преминат на групна терапија, со цел да бидат интегрирани и други луѓе во  процесот на нивното лекување. Експертите веруваат дека со време може да дојде до подобрување на состојбата, но одредени ситуации може да доведат до повторно влошување на симптомите.

1. Социјлна фобија: Страв од друштво или од луѓе воопшто

22 Гимнофобија: Страв од голотија

Овој абнормален и постојан страв од голотија може да доведе луѓето да доживуваат голема ангсиозност, дури и кога сфаќаат дека нивниот страв е ирационален. Според професорот по психологија Мартин Антони од Универзитетот во Торонто, постојат две различни варијанти од оваа фобија – страв да се биде гол пред други и страв самите да се видат голи. Фобиите обично се раѓаат од негативните искуства. За гимнофобичарите тоа може да е малтретирањето што го доживеале во соблекувалните во фискултурните сали во училиштата или ако имале родител кој бил многу фокусиран на изгледот. Сепак, оваа форма обично потекнуа од екстремна форма на опсесивно-компулсивно пореметување  бидејќи голотијата е одраз на губење на контрола, како последица на ранливоста што нормално се поврзува со голотијата. Тоа може во голема мерка да го попречи создавањето на врски и да создаде проблеми во интимноста.

За да го надминат проблемот со голотијата, пациентите би требало да се охрабрат да се обидат прво да носат долна облека додека се сами, кога се во безбедна средина, потоа да носат долна облека во темница, пред партнер на кој му веруваат, за да можат на крај да дојдат до целосна голотија. Доколку е позната причината што ја предизвикала гимнофобијата, психотерапијата може да му користи на пациентот, пред да ги преземе првите чекори кон соблекувањето.

2. Гимнофобија: Страв од голотија

33 Трипанофобија: Страв од игли или инјекции

Стравот од игли е медицинска состојба од која страдаат помеѓу 20 и 23 проценти од возрасната популација. Стравот може да биде од самата игла или страв иглата да навлезе во телото. Стравот од инјекции носи и здравствен ризик, бидејќи ги спречува пациентите да посетат доктор, да напраат рутинска анализа на крвта или да ја земаат препишаната терапија.

За лицата што се плашат од игли, медицинските лица можат да им обезбедат лепенки кои содржат мешавина од анестетици што ќе овозможи отрпнување на областа каде треба да се прими инекција, во длабочина од 2 до 3 мм. Ова е одобрено за употреба кај пациенти во 2013 година, како и за деца при вакцинација.

3. Трипанофобија: Страв од игли или инјекции

44 Атихифобија: Страв од неуспех

Нормално е да се има одредено ниво на сомнеж, но стравот од неуспех може да претставува вистинска блокада на патот кон успехот. Ирационалниот страв од неуспех може да доведе до екстремна вознемиреност, стомачни проблеми, хрончни главоболки, грчеви на мускулите и паника. Ова може да стане толку деструктивно пореметување што атихифобичарите знаат да дадат отказ или сами да ја саботираат својата работа или врска, само за да не доживеат неуспех.

Стравот од неуспех обично е поврзан со некој трауматичен настан од детството. Рутинското советување е една од најефикасните начини во борбата против стравот од неуспех, со цел да се создаде лична стратегија за справување со стравот. Практикување проноја е еден од начините преку кои пациентите се учат да ја променат состојбата на својот ум и  да почнат да веруваат дека околностите одат во нивна полза што им помага на лицата да видат како е најдобро да постапат за да постигнат успех.

4. Атихифобија: Страв од неуспех

55 Нозофобија: Страв од болест

Неконтролираниот страв од болести предизвикува нарушување на социјалниот живот и менталното здравје на една личност. Има свои корени во опсесивно-компулсивното пореметување, состојба која во огромна мерка влијае на способноста на лицето да ги извршува задачите или да се социјализира. Пациентите обично се соочуваат со голем страв и вознемиреност дека ќе ја изгубат контролата доколку се разболат од некоја болест.

Оваа состојба обично оди заедно со гермофобијата – страв од микроорганизми и загадување. Овие луѓе се плашат да влезат во ресторн, во автобус, во болница, да одат во парк, или на друго јавно место. Тие обично опсесивно ќе се тушираат или ќе ги мијат рацете дури не ја оштетат кожата, а потоа ќе чувствуваат уште поголем страв дека микроорганизмите ќе навлезат преку тие оштетувања, па ќе почнат уште повеќе да се мијат, навлегувајќи на тој начин во еден маѓепсан круг.

За да го прекинат овој циклус обично докторите препорачуваат антидепресивни лекови, како и еден вид когнитивна терапија каде докторот, на пример, ќе го прекине ритуалот на миење раце. После неколку повторувања на оваа интервенција, пациентот ќе се ослободи од прекумерната желба непотребно да ги мие рацете.

5. Нозофобија: Страв од болест

66 Филофобија: Страв од заљубување

Луѓето кои патат од филофобија доживуваат мачнина, панични напади или огромен страв од самата помисла да му дозволат на некој да стане дел од нивниот приватен живот. Самата интимност создава ирационален страв, но во исто време може да доведе и до сосем спротивно однесување и лицето да влегува во ризично сексуално однесување, со цел да се замени емоционалната со физичка интимност.

Во спротивни случаи, луѓето може да доживуваат и „ануптафобија“, односно страв да се остане сам (неженет/немажена). Овие луѓе остануваат во нездрави, па дури и во насилни врски, или чувствуваат огромна непријатност ако останат сами. Некои луѓе се плашат да го изгубат емоционалниот партнер, додека други се плашат од драматични промени во нивниот личен живот, како што е нова работа или преселба во друг дел од земјата, бидејќи тоа подразбира и промена во нивниот социјален живот.

Кај двете фобии постои страв од напуштање. Тоа може да им ги уништи потенцијалните врски и да води кон компулсивно однесување на тие лица. Може да се јави во многу форми, бидејќи се работи за комплексен психолошки феномен, за кој честопати е потребен професионален третман.

Да се биде интимен со друго лице може да донесе многу лични предизвици, но експертите препорачуваат да се открие зошто овој страв ја презема контролата над љубовниот живот на пациентот, за да може да се надмине оваа огромна пречка.

6. Филофобија: Страв од заљубување
ПредходнаСледно