Волтер Кенон, физиолог и истражувач од Медицинскиот факултет при Универзитетот Харвард, објавил научен труд во 1942 година, кој потсетува на наслов од некој хорор филм – “Вуду Смрт”.
Сепак, Кенон не се шегувал. Во својот труд тој тврди дека историските податоци за натприродните смртни случаеви, вклучувајќи ги и оние наводно предизвикани од вуду клетви, воопшто и не биле натприродни. Наместо тоа, Кенон вели дека е можно жртвите да умрат од сопствениот страв.
Кенон бил научник кој ја измислил фразата “бори се или бегај”, концепт кој сеуште се користи како кратенка за разновидноста на биолошките промени преку кои нашето тело минува кога се соочува со стресна ситуација. Значи, тој очигледно имал увид во тоа како човекот реагира на страв.
“Како што е познато, стравот е еден од длабоко вкоренетите и доминантни емоции кај човекот”, пишува Кенон. “Често може да се искорени, но со големи потешкотии. Поврзан е со длабоките физиолошки нарушувања кои се распространети во организмот. Доколку потраат овие пореметувања делуваат штетно”.
Во тоа време, Кенон знаел дека стравот може да предизвика поплава од хормонален дисбаланс, што може да доведе до промени во кардиоваскуларниот систем, нерамнотежа на телото, психолошки промени кои можат човекот да го натераат да избегнува храна и вода, а подоцна да предизвика и прерана смрт.
Благодарение на неговата репутација, оваа теорија е прифатена во медицината.
Потребни биле само неколку децении за понатамошни истражувања на човечкиот кардиоваскуларен систем за денес да разбереме дека стравот и стресот ни предизвикува болести.
Дури во деведесеттите години од минатиот век, науката открива нова болест на срцето која може да убие и здрав човек – индуцирана кардиомиопатија и синдром на апикален балон синдром (Takotsubo cardiomyopathy) ,или “синдром на скршено срце”.
Идеите на Канон неодамна беа ревидирани од страна на лекарот Естер Стернберг кој се запрашал дали научните случувања од 1942 година нѐ направиле помудри за овој интригантен феномен.