Батерии од печурки

И тоа не е сè. Батериите од печурки се неверојатно евтини, лесно се изработуваат и се доста биоразградливи, што е од особена важност со оглед на сè поголемата побарувачка на батерии, како и изработката на електрични возила, кои до 2020 година се очекува да достигнат бројка од 6 милиони.

Сигурно се прашувате како е можно да се направи батерија од печурки и зошто? Всушност, и не е толку чудно како што звучи.

Во една нормална литиум-јонска батерија има една позитивна и една негативна електрода – познати како анода и катода. Овие електроди ги движат атомите на литиум напред- назад, и притоа или ослободуваат или складираат енергија, во зависност од насоката. Традиционалните аноди се направени од синтетички графит кој е добар, но е скап за изработка и при истата се ослободува опасен отпад. Затоа научниците се заинтересирале за замена на графитот со нешто поевтино и поеколошко. Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд, сметале дека печурките се добра алтернатива бидејќи се релативно шупливи, па така имаат поголем потенцијал за складирање и пренос на енергија. Покрај тоа, тие имаат висока концентрација на калиум сол, што значи дека со текот на времето ќе се отворат уште повеќе отвори со што постепено ќе се зголемува капацитетот на батеријата. Колку повеќе се користи – толку подолго ќе трае. Ова би било идеално за мобилните телефони во иднина.

Засега, батеријата се’ уште е во развој и не е толку ефикасна како традиционалната. Но, научниците работат на оптимизирање на системот. Тие веќе поднеле барање за патент на својот изум, кој е детално опишан во „Scientific Reports“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt