Боинг патентира дрон што се трансформира во подморница

Се работи за беспилотно воздушно возило кое може да се нурне во длабочините на океанот и да го продолжи своето патување во вода. Официјалното име за оваа по малку футуристична опрема е „возило за брзо распоредување во воздух и вода“.

Како што можете да очекувате, наменето е за воена употреба. Првично ќе се лансира од носач на авиони и кога ќе биде време да се нурне во вода, ќе се одделат и ќе се ослободат делови од крилјата за да се намали отпорот. Така, дронот ќе може да продолжи со својата мисија под вода, пред повторно да излезе на површината за да поднесе извештај до базата.

Боинг не наведува никакви детали за неговата изградба, но вели дека изградбата на дрон кој може да се справи и со воздух и со вода е поевтина од изградбата на поединечен за секое сценарио.

Ова е прв пат некој да измисли трансформирачки хибрид од авион и подморница.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt