Роботи во училиштата во Австралија

Наставниците ќе работат заедно со истражувачите за успешно да ги интегрираат роботите во училишната програма, и притоа ќе изнесуваат информации за предизвиците и придобивките од работата со роботи.

Хуманоидните роботи Нао исто така ќе се користат за да ги научат учениците кодирање, програмирање и други компјутерски вештини.

„Преку оваа тригодишна истражувачка програма се надеваме дека ќе го индентификуваме најдобриот начин на кој роботите може да се применат во училишните програми. Сакаме роботите да го подобрат учењето, а не само да бидат новост или да им го одвлекуваат вниманието на учениците“, вели главниот истражувач д-р Тереза Кин.

Роботите стануваат дел од општеството и училиштата треба да ги подготват своите ученици за вештините кои се потребни за иднината, додава таа.

Роботите и претходно биле користени во училиштата, но ова е прво истражување од ваков вид.

Оргиналната статија е објавена во „DSCOVRD“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt