Необична егзопланета со опашка

Според компјутерските модели, облакот од гас околу планетата има дијаметар од околу 3 милиони километри. Досега не е забележана толку голема опашка кај толку мала егзопланета.

Астрономите ја забележале масивната опашка со помош на телескопот „Хабл“ и опсерваторијата „Чандра“ и сметаат дека е резултат на испарувањето на атмосферата на планетата, поради екстремната радијација од ѕвездата- домаќин. „Gliese 436b“ орбитира околу својата ѕвезда на растојание од околу 4 милиони километри. (За споредба, Земјата орбитира околу Сонцето на растојание одоколу 150 милиони километри).

Астрономите проценуваат дека досега загубила околу 10% од атмосферата. Тие ќе продолжат со истражувањата на сличните егзопланети за да утврдат дали и тие би можеле да имаат опашки. Истражувањето е објавено во „Nature“.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt