Кристијан Хајгенс ( 14 април 1625 – 8 јули 1695) е холандски математичар, научник, астроном, физичар и хоролог.
Хајгенс бил водечки научник на неговото време и се вбројува во редот на значајните европски филозофи, заедно со Рене Декарт и Њутн. Неговата работа вклучувала: рани телескопски проучувања на прстените на Сатурн и откривање на неговата месечина Титан, откривање на часовникот со нишало и други истражувања во областа на мерењето на времето. Објавил неколку значајни дела за механиката и оптиката, како и игрите на среќа.
Роден е на 14 април 1629 година во Хаг, Холандија во богато и влијателно холандско семејство. Францускиот филозоф Рене Декарт го насочил во првите проучувања, а студирал право и математика на Универзитетот во Лајден пред целосно да се посвети на науката (1654 година). Починал на 8 јули 1695 во Хаг и бил погребан во „Grote Kerk“. По него е именуван астероидот 2801 Хајгенс, лендерот Хајгенс на Титан – месечината на Сатурн и кратерот на Марс. И лабораторијата на одделот за физика на Универзитетот во Лајден во негова чест го носи неговото име.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























