Јапонецот Јошинори Охсуми е новиот добитник на Нобеловата награда за медицина

Јапонскиот биолог Јошинори Охсуми е овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за медицина за откритието на механизмите за деградирање и рециклирање на клеточните компоненти.

Комитетот за доделување на Нобеловата награда во Стокхолм соопшти дека откритијата на Охсуми довеле до „нова парадигма во нашето разбирање за тоа како клетките ги рециклираат компонентите“.

„Неговите откритија го отворија патот за разбирање на многу физиолошки процеси, како на пример во адаптацијата на глад или инфекција. Мутациите во афтофагиските гени можат да предизвикаат болест, а афтофагискиот процес е вклучен во повеќе болести, вклучувајќи рак и невролошки болести“, стои меѓу другото во соопштението.

Оваа награда е во вредност од над 930 илјади долари. Светот во следните неколку денови ги очекува и Нобеловите наградите за најважните откритија во областа на физиката, хемијата, за забележителни литературни постигнувања и за дејности во интерес на светскиот мир.

Извор: Радио Моф

Поддржете ја нашата работа: