Научник на денот: Антоан Лавоазје

Антоан Лавоазје (26 август 1743 – 8 мај 1794) бил француски научник и математичар. Се смета за „татко на современата хемија“. Тој ги дал имињата на кислородот (1778) и водородот (1783) и ја открил улогата којашто кислородот ја има во процесот на согорување. Помогнал во создавањето на метричкиот систем, ја напишал првата голема листа на елементи и помогнал да се реформира хемиската номенклатура. Го предвидел постоењето на силициумот (1787) и бил првиот кој утврдил дека сулфурот е елемент, а не соединение (1777). Исто така, открил дека иако материјата може да ја промени својата форма, масата секогаш останува иста.

Бил роден на 26-ти август 1743 година, во богато семејство во Париз. Наследил големо богатство на 5-годишна возраст по смртта на мајка му со што му се овозможило добар развој и образование. Уште од рана возраст пројавувал интерес за хемија, астрономија и математика. Дипломирал право, но никогаш не работел како правник, туку продолжил со научни истражувања.

Лавоазје бил моќен член на голем број аристократски совети, како и администратор на „Ferme Générale“ – една од најомразените компоненти на античкиот режим, поради парите кои ги земала од народот на сметка на државата, тајноста на нивните договори и насилството на нивните вооружени лица. Овие политички и економски активности му овозможиле да ги финансира своите научни истражувања.

Својата социјална и економска положба ја консолидирал кога во 1771 година се оженил со Мери-Ен Пјерета Ползе, 13 годишна ќерка на висок член на „Ferme générale“. Таа имала голема улога во неговата научна кариера – преведувала документи од англиски јазик, му помагала во лабораторијата и цртала скици на лабораториските инструменти кои Лавозаје ги користел при своите експерименти.

Во екот на Француската револуција, бил обвинет дека продавал нечист тутун, дека го ограбил народот и Франција, и дека ги снабдувал непријателите на Франција со огромни суми на пари од националниот трезор. Бил осуден и погубен на 8-ми мај 1704 година во Париз, на 50-годишна возраст. Една и пол година по неговата смрт, бил ослободен од обвинението од страна на француската влада.

enauka.mk
9,257наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,181денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.