Сите среќни – вие мизерни

Ова однесување донекаде е логично. Ако им докажеме на другите дека тие ни се приоритет, се надеваме дека за возврат тие ќе го ценат нашиот труд, ќе уживаат во нашата љубов и ќе ни ја возвратат. Уште во текот на детството, кога не можеме да се грижиме за себе, мора да се осигураме дека нашите родители/старатели ќе се грижат. Дел од тоа е учење на активностите кои најверојатно ќе бидат наградени. Како бебињата на пример, кога ќе се насмеат и притоа добиваат внимание, нежности, гушкање и сл. Бебињата учат да ги препознаваат емоционалните состојби и можат да ги покажуваат чувствата уште пред да научат да зборат.

Многумина од нас, со текот на годините, учат дека најдобриот начин за да се добие љубов е да се даде љубов. Нема ништо погрешно во оваа идеја, и најдобрите меѓусебни односи се состојат од спонтани гестови на добрина, љубов, поддршка и услуга. Но, работите стануваат лоши кога една личност постојано дава повеќе отколку што добива. Ова се однесува на секој вид на врска- пријателска, фамилијарна итн, а не само на онаа романтичната.

Вистината е дека повеќето луѓе не сакаат да бидат околу други луѓе кои ги доживуваат како сугестибилни. Постојат мнгоу причини за тоа. Иако на почетекот е убаво некој да им удоволува, некои луѓе често се чувствуваат лошо, како да го искористуваат тоа лице, бидејќи не можат да му возвратат со иста мера. Некои се лутат кога некој очекува од нив да возвратат со иста мера, а некои пак едноставно сакаат да се дружат со лица кои се посигури во себе си.

Потребно е време и труд, но откако ќе разбереме како почнало и како се развило тоа однесување на удоволување, откако ќе го почитуваме фактот дека некогаш било идеална стратегија за чувство на безбедност во светот и откако ќе пронајдеме други начини за да се чувствуваме безбедно и сакано, потребата да им удоволуваме на сите полека ќе се изгуби. Врските ќе почнат да стануваат позаеднички и позадоволувачки. Негативните чувства ќе исчезнат, и дали ќе им удоволувате на останите или не ќе биде прашање на избор.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt