Науката креираше коцкасти „снегулки“

Но, кога станува збор за наука, мразот може да има само неколку форми. Досега, на молекуарно ниво, се забележани само 17 фази, односно форми на мразот.

Едно ново истражување сугерира дека под специфични услови може да се формира и 18-та форма. Според истражувањето, кога ќе поставите капки вода помеѓу два листа од графен (како сендвич) на 10 000 пати атмосферски притисок, атомите во молекулите на водата ќе се подредат во совршено квадратна мрежа, правејќи ја познатата форма на снегулка како лист по коцки.

Обично, кога водата замрзнува, атомите во водата се прераспоредуваат во форма на шестоаголна или тетраедарна решетка и тој процес се повторува постојано, при што се формира природен кристал. Но, при висок притисок, водата очигледно зазема различни форми.

Погледнете како изгледа тоа

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt