Обичниот Кинез и неговата подморница

Денес многу пронаоѓачи доаѓаат од различна економска сила – Кина. Според „Кина Дејли“, 210 000 патенти за изуми биле дадени во земјата минатата година, што е зголемување од 25% во однос на претходната. За пофалба е тоа што и покрај добата на компјутери во која живееме, човечката визија и фантазија се’ уште се присутни. Еден таков пример е Ду Кситанг и неговата домашна подморница. 

Тој започнал да ја гради својата подморница откако дознал дека Кина има потреба од увоз на машини од друга земја, објави  весникот „Хуашанг Дејли“ во понеделникот.

Ду Кситанг е селанец од округот Шенму, Јилин, во северозападниот дел на провинцијата Шанкси. Тој има 53 години, но уште како дете имал особен интерес за механика и воено оружје. Го напуштил средното училиште и решил да го користи своето време за  читање литература за поморска и воена технологија. Откако дознал дека Кина купила една застарена подморница од Русија во 90-тите, Кситанг решава самиот да изгради една.

Самиот научил целосен дизајн на подморница. Дури и професионални техничари се изненадени од неговите пронајдоци, како што се хидрауличниот систем за одводнување кој е награден со националниот патент. Кситанг го има има завршено главниот дел на подморницата кој е долг 9,2 метри, а висок 3,1 метри и планира оваа година да направи тест- нуркање.

Но, тој се соочи со финансиски проблеми и мораше да позајми повеќе од 200.000 јуани (32.188 $) за да го задржи проектот, па дури ја жртвуваше и куќата. Сега живее во изнајмен стан и би сакал да пронајде инвеститор кој ќе помогне за успешно завршување на подморницата.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt