Свештеник пронашол необработен дијамант од 706 карати

Христијански свештеник нашол небрусен дијамант од 706 карати во африканската држава Сиера Леоне, а станува збор за еден од досега најголемите пронајдени дијаманти.

Пасторот Емануел Момох го пронашол дијамантот во рудник во селото Којаду во западниот дел на Коно, изјавил министерот Алхај Мансарај.

Тој драгоцен камен е меѓу 20 најголеми необработени дијаманти досега најдени во целиот свет. Дијамантот му беше предаден на претседателот Ернест Короми кој вети дека ќе биде продаден транспарентно на меѓународна аукција и тоа на купувачот кој ќе понуди највисока цена.

И покрај тоа што земјата е богата со драгоцени камења, кои можат да се најдат на четвртина од нејзината територија, Сиера Леоне држава со шест милиони жители, e една од петте најсиромашни во светот.

Сиера Леоне со години се бори против нелегална трговија со дијаманти, а тие гоо поттикнаа и десетгодишната граѓанска војна од 1991 до 2002 година во која беа убиени 70.000 луѓе.

enauka.mk
9,249наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,312денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.