Пронајден цртеж стар 5000 години

Италијански научници пронашле еден од најстарите цртежи на семејства, кој се наоѓа на таванот на една малечка пештера во Сахара. На него се прикажани родители со дете, две животни и ѕвезда.

„Овој цртеж изгледа како приказ на раѓањето на Исус Христос, но е насликан 3000 години порано”, изјави Марко Морели, геолог и директор на музејот (Музеј на планетарни науки).

Морели го открил цртежот уште во 2005 година, но дури сега одлучил да го покаже своето откритие. „Кога го гледаме овој цртеж, ни се наметнуваат нови прашања во врска со иконографијата на еден од најпознатите симболи на христијанството”, вели тој.

Иако за овој цртеж би се рекло дека е вообичаен приказ на едно семејство, научниците велат некои одредени детали го прават уникатен.

Морели истакнува дека новороденчето е нацртано над родителите, и личи како да се крева кон небото. Таквата положба би можела да означува раѓање или бременост. Ако смртта се поврзувала со Земјата, раѓањето се поврзувало со небото.

Поради староста на цртежот и исчезнувањето на бојата, на жената не и се гледа главата. Самиот цртеж добива сложено значење, кога се пробува да се открие значењето на малиот круг и приказот на животните. На горниот дел од цртежот се наоѓа лав без глава – митско суштество кое е пронајдено и на други цртежи од оваа област.

Под семејството се наоѓа цртеж на мајмун или антропоморфни мајмуни. На источната страна, уметникот од Неолитот нацртал форма која личи на ѕвезда. Местото на пронајдокот научниците го нарекуваат „Родителска пештера”.

Поддржете ја нашата работа: