Каде треба да се бара среќата?

Среќата со пари не се купува, тоа сите го знаеме. Но, едно неодамнешно истражување, објавено во „The Journal of Positive Psychology“ ни открива што може да ги направи богатите луѓе посреќни.

Џејмс А. Робертс од Универзитетот Бејлор заедно со двајца негови колеги, ја истражувале поврзаноста помеѓу материјализамот (каде што материјалната сопственост е централен фокус во животот) и задоволството во животот.

Многубројните истражувања досега веќе покажале дека материјалистите се генерално помалку задоволни со нивниот стандард на живот, нивните врски и нивните животи во целина. Токму затоа, истражувачите се прашувале дали постои нешто што може да го ублажи тој ефект и да ги направи позадоволни со себе и сопствениот живот.

Тие сметаат дека со оглед на негативниот однос на материјализмот со позитивните влијанија, токму тие позитивни влијанија, како што е на пример благодарноста, можат да ја променат поврзаноста на материјализмот и задоволството во животот. Спротивно на материјализмот, благодарноста е позитивна емоција која се доживува кога некој гледа дека некое друго лице намерно му/и дало вредна, односно ценета придобивка.

За да ја тестираат својата теорија, тие ги анализирале резултатите од специјален прашалник кој им бил испратен на 249 студенти. Резултатите биле очекувани – луѓето кои ја бараат среќата преку материјалните добивки се чувствуваат уште полошо, а тоа е поврзано со негативните мислења за нивното задоволство во животот.

Но, резултатите исто така покажале дека благодарноста ги намалува негативните ефекти на материјализмот, со што поблагодарните лица се позадоволни со своите животи. Така истражувачите заклучиле дека негативното влијание, позитивното влијание и благодарноста се клучните делови од загатката за поврзаноста на материјализмот и незадоволството во животот.

Лицата кои се способни да го ценат она што го имаат, дури и кога се во потрага по материјални придобивки, може да задржат високо ниво на задоволство во животот. Со други зборови, не е доволно да сте богати за да бидете среќни. Исто така треба да бидете и благодарни.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.