Луѓето со прекумерна тежина помалку уживаат во храната

Доколку направиме проценка според студијата која е спроведена на Универзитетот Бангор во Велс, лицата со прекумерна тежина помалку уживаат во храната за разлика од оние кои имаат здрава тежина.

Имено, луѓето со здрава тежина воглавно јадат тогаш кога се гладни и уживаат во храната. Од друга страна, луѓето со прекумерна тежина, јадат кога ќе почувствуваат желба за одреден вид храна иако не се нужно гладни, а потоа тврдат дека во истата храна не уживале ништо посебно.

Научниците дискутираат за прашањето дали подебелите луѓе секогаш со секој оброк внесуваат поголема количина на храна, трудејќи се да го надополнат чувството на незадоволство.

Учесниците во студијата по пат на мобилна апликација бележеле кога чувствуваат глад и колку се задоволни после јадењето на скала од 1 до 10. Научниците останале изненадени од фактот што дебелите учесници потреба за храна чувствувале воглавно исто како и оние со здрава тежина.

Двете групи имале слични потреби за храна, три пати дневно, а должината на време за оброк исто траела слично, околу 18 минути. Луѓето со прекумера тежина дефинитивно не биле погладни од луѓето со здрава тежина.

Сепак забележано е дека тие две различни групи имаат различни навики при земање на храна и различен однос кон храната. Луѓето со здрава тежина јадат само кога се гладни а после оброкот секогаш се задоволни.

Еден од авторите на споменатата студија, Д-р. Ханс Питер Кјубис, вели многу пати кога посегнуваме по храна мислиме да се наградиме себе си, но не секогаш јадеме бидејќи имаме потреба.

Недостатокот на задоволство секако може да придонесе прејадување со цел да се надомести уживањето во храната. На луѓето би требало да им се помогне да ослабат така што треба да го насочат вниманието кон чувството на глад, но не и на задоволствата.

Поддржете ја нашата работа: