Појас за бремени што го мониторира бебето

Новата направа, што ја создаде израелската компанија „Nuvo Group“,  им овозможува на идните мајки постојано да го слушаат развојот во работата на срцето и движењата на своето бебе во утробата, а не само кога одат во болница на преглед.

Направата се состои од лесни ремени опремени со сензори кои се поставени околу стомакот. Изумителите се надеваат дека ова ќе им обезбеди мир на бремените жени, а на докторите ќе им овозможи далечински да ги следат ризичните бремености, наместо да ги хоспитализираат жените за опсервација. Ова дури може да овозможи и нов увид за самата бременост.

Новата верзија на појасот кој е наречен Ритмо, жените ќе можат  да го набават и самите да го користат, а ќе биде пуштен во продажба на крајот на годинава по цена од 200 до 250 долари. Ќе биде опремен со 13 сензори кои го обвиткуваат стомакот, меѓу кои и акустични сензори, ЕКГ-сензори за следење на работата на срцето, како и сензори за следење на движењата,  со кои може да се следи кога бебето „клоца“, да се следат контракциите и другите движења. „Преку површината на стомакот снимаме се што е можно во врска со бременоста“ – вели  Орен Оз, извршен директор на компанијата „Nuvo Group“.

 

ритмоИнформациите се испраќаат на облак сервер за обработка, а резултатите се враќаат на смарт-фонот на корисникот. Ова треба да ги увери дека фетусот е жив и клоца, иако не се движи многу, затоа што спие на пример. Ова исто така ќе им овозможи на луѓето да бележат како одредени активности – како медитацијата или слушањето музика, влијаат на отчукувањето на срцето на фетусот и на мајката.

„Nuvo Group“ планира и везија за медицинските одделенија наречена  „Pregsense“, со повеќе сензори и со поголема прецизност. Со одобрување од страна на Американската Администрација за храна и лекови, лекарите ќе можат да вршат далечинско надгледување и многу рано да ја зебележат секоја компликација, вели Оз.

Оз се надева дека податоците што ќе се собираат од овие направи ќе им овозможат нов увид во самата бременост и ќе обезбедат персонален пристап за секоја жена. Ќе може, на пример, жената да биде предупредена кога е под зголемен стрес или дека треба да го смени начинот на исхрана и навиките за спиење, за да ги избегне можните компликации. На овој начин практично може да спасите живот – вели Оз.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt