Апликација за изгубени клучеви

Според една анкета на британската осигурителна компанија „Esure“ од 2019 г. –  секој човек губи (или не знае каде ги ставил) по девет предмети дневно. Меѓу првите три предмети на листата на изгубени предмети се клучевите од автомобилот.

Компанијата „KeyMe“ од Њујорк направи обид да им ја олесн оваа непријатна и понекогаш не така евтина грешка на луѓето, со измена на начинот на кој се прави копија од клучевите.

Најнапред се користи нивната апликација за „OS – Android“, за да се направи слика на клучевите од домот, канцеларијата или автомобилот. Потоа, апликацијата ја испраќа сликата до системот на компанијата. Со притискање на едно копче, апликацијата „кажува“ на која адреса по пошта да биде испратен клучот. Или уште полесно, може да се отиде до еден од киосците на компанијата и да се добие клучот „испечатен“ за една минута. Ова овозможува да се направи копија од клучот лесно и во кој било дел од денот.

Се разбира, мора да се размислува однапред – не може да се направи нов клуч, откако ќе се изгуби клучот.
За да се спречи злоупотребата, компанијата бара од корисниците да бидат сликани двете страни од клучот, на бел лист хартија во позадина.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt