Како изгледа светот на кучињата преку нивниот нос?

Веќе знаеме дека сетилото за мирис на кучињата е далеку поизострено од нашето. Но, може да се изненадите колку е тоа навистина изострено! Речиси како да се наоѓаат во некој друг свет, „гледајќи“ на сосема различен начин од нашиот.

Во носот на кучињата има околу 300 милиони рецепторни клетки за мирис, а во луѓето само од 5 до 6 милиони. Исто така, системот за обработка на миризбите зазема порелативна област во мозокот, во споредба со луѓето. Поради овие разлики, научниците сметаат дека сетилото за мирис на кучињата е од 10 до 100 илјади пати подобро од нашето. Тоа е прилично импресивно.

За разлика од луѓето, кучињата мирисаат со двете ноздри одделно. Така можат точно да одредат од каде доаѓа миризбата. Покрај тоа, имаат посебен орган наречен вомероназален орган, кој им овозможува да ги надушкаат хормоните кои се ослободуваат од луѓето и животните. На тој начин кучињата ја знаат нашата емотивна состојба, па дури можат и да препознаат ако сме бремени или болни.

Во следново видео погледнете како изгледа светот на кучињата преку нивниот нос.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt