Алкохолот го зголемува ризикот за мозочен удар

За целта на истражувањето, научниците ги анализирале медицинските податоци за 11 644 шведски близнаци, во текот на 43 години, почнувајќи од 1967 па до 2010 година. Податоците биле класифицирани врз основа на мозочен удар, дијабетес, висок крвен притисок или други кардиоваскуларни инциденти

Резултатите покажале дека:

  • Оние кои пиеле повеќе од две пијачки имале 34% поголем ризик за мозочен удар од останатите
  • Оние кои се наоѓале во нивните 50-ти и 60-ти години, имале поголема веројатност да имаат мозочен удар во наредните пет години
  • Оние кои пиеле повеќе од две пијачки имале зголемен ризик за мозочен удар во текот на средните години, во споредба со веќе познатите ризик-фактори како високиот крвен притисок и дијабетесот.
  • На возраст околу 75 години, крвниот притисок и дијабетесот ја преземаат улогата како главни причинители на мозочниот удар.

И претходни истражувања посочувале на алкохолот како ризик-фактор за мозочен удар, но ова е првото истражување кое посочува разлики во возраста.

Ова истражување го потврдува препорачаното дневно ограничување на алкохолот од страна на Американската асоцијација за срце (две пијачки за мажите, а една за жените).

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt