Чувството на студ е заразно

Во истражувањето што е објавено во списанието „PLOS ONE“ учествувале 36 волонтери. Секој од нив гледал осум видео-снимки, каде актерите ги ставале своите раце во очигледно ладна или топла вода. Во исто време, мерена е и температурата на нивните раце. Рацете им биле значително поладни кога го гледале „ладното“ видео, додека „топлото“ видео не предизвикало никакви промени.

Истражувачите велат дека ваквите несвесни физиолошки промени ни помагаат да сочувствуваме едни со други и да живееме во заедници.

„Се верува дека имитирањето на друга личност ни помага да креираме внатрешен модел на неговата психолошка состојба кој ни овозможува подобро да ја разбереме неговата  мотивација и неговите чувства“.

„Луѓето се длабоко социјални суштества и голем дел од успесите на луѓето се резултат на способноста да работат заедно во сложени заедници. Ова не би било возможно доколку не можеме да сочувствуваме едни со други и да ги предвидиме меѓусебните чувства, мисли и однесување“, вели д-р Неил Харисон, водач на истражувањето.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt