Новиот „DRAM“ на Самсунг

Оваа генерација на „DRAM“ процесори, Самсунг ја базира на својата технологија за процесирање со 20nm. Што се однесува до „LPDDR“ меморијата, таа е најшироко користената „работна меморија” за мобилни уреди во светот, бидејќи ја штеди енергијата на малите дизајни.

„Со започнување на производството на „LPDDR4“ со 20nm од 8GB, што е дури побрзо и од „DRAM“ меморијата за компјутерите и серверите и троши помалку енергија, ние придонесуваме за навремено започнување на „UHD“, односно мобилен уред со голем екран”, изјавуваат од Самсунг . „UHD“ е кратенка за ултра висока дефиниција и може да го постави Самсунг далеку пред конкуренцијата.

Колку, всушност, ова претставува иновација?

Самсунг веќе три години по ред е наградуван за „DRAM“ како иновативно решение. Па, тогаш, зошто е овој процесор нов, што се може да направи? За почеток, обезбедува двократно зголемување на перформансите и густината во споредба со „LPDDR3“ од 4GB .

Мобилните  уреди опремени со новиот „DRAM“, исто така, ќе имаат можност за континуирано снимање на слики со висока резолуција со повеќе од 20 милиони мегапиксели.

Мала потрошувачка, побрза обработка

Пониската потрошувачка на енергија е клучната карактеристика на новата технологија. Работниот напон на мобилниот мемориски чип со „LPDDR4“ беше намален на 1.1 V, што овој процесор го прави мемориско решение со најмала потрошувачка за паметните телефони и таблетите со голем екран.

Практично, тоа значи дека пакет од „LPDDR4“ од 8GB штеди 40% енергија во споредба со „LPDDR3“ од 4GB .

Новите уреди се очекуваат во текот на есента 2015 година.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.