Делфините важат за едни од најомилените животни меѓу луѓето, па во продолжение издвојуваме неколку интересни факти за нив.
- Делфинот е единствениот цицач кој при раѓањето, излегува со опашката наместо со главата.
- Делфините не мирисаат пријатно.
- Младите делфини остануваат со својата мајка во период од 2 или 3 години.
- Делфините имаат 2 стомаци. Првиот ја складира храната, а во вториот се одвива варењето на храната.
- Делфинот може да нурне до 1.000 метри длабочина.
- Грбната перка на секој делфин е уникатна и ја користат за меѓусебна идентификација.
- Делфините можат да пливаат со брзина до 40 км на час долго време. За споредба, ова е околу 3 пати побрзо отколку најбрзиот човек во светот.
- Просечниот животен век на делфинот е 17 години. Сепак, некои од нив кои биле забележани во дивината имале околу 50 години.
- Повеќето видови на делфини живеат во солена вода, но некои од нив напредуваат и во слатка вода.
- Делфинот треба да добие воздух во различни интервали. На некои им е потребен на секои 20 секунди, на други само на секои 30 минути.
- Поврзаноста на делфините во групата е многу силна. Тие биле забележани како се грижат за болните, старите и повредените членови со огромна посветеност.
- Иако тие обично имаат благ темперамент, може да бидат и агресивни.
- Тие се во состојба да гледаат и во вода поради уникатниот начин на собирање на светлина во мрежницата.
- Мозокот на делфинот е втор по големина споредено со големината на телото. Прв е човечкиот.
- Возрасен делфин јаде до 30 килограми риба дневно.
- Делфинот има околу 100 заби. Ги користи за да го зграби својот плен, но не го џвака. Сета храна ја голта цела.
- Делфинот може да скокне до 20 метри во воздух.
- Китот- убиец е најголемиот член на семејството делфини. Тие достигаат и до 30 метри во должина.
- Кожата на делфинот е многу деликатна и лесно може да се оштети при контакт со други површини.
- „Boto“ се најголемите делфини, кои може да живеат во слатка вода. Достигнуваат до 10 метри.
- Делфините често користат кружна тактика за лов.
- Само една страна од мозокот на делфините спие. Ова им овозможува да бидат во можност да дишат и да забележат потенцијални опасности додека се одмараат.
- Делфини уживаат во дружење и играње. Тие играат со алги или со други членови на групата. Понекогаш, и со другите живи суштества во водата.
- Глобалното затоплување продолжува да биде проблем за делфините, затоа што значајно ја намалува и уништува нивната храна.
- Делфините може да мигрираат до водни површини кои имаат соодветна температура и храна.
- Применуваат различни методи на исхрана.
- Повеќето од нив се вклучени во соработка и синхронизација со другите членови на групата. Ретко ловат сами.
- Најмалиот делфин е долг околу 1 метaр, a најголемиот 9 метри. Тие можат да тежат повеќе од 11 тони.
- Голем дел од севкупната комуникација на делфините е врз база на ехо (еcholocation).
- Генерално, делфините немаат коса, освен неколку кои имаат при раѓањето. Само „Boto“ делфините задржуваат малку коса во текот на животот.
- Тие имаат брз процес на заздравување на нивните тела, дури и кога имаат длабоки рани, како што се оние од каснување на ајкула. Експертите се’ уште не можат да објаснат како е можно тоа, со оглед на тоа дека сите останати цицачи би крвареле во идентични ситуации.
































