Почнува ерата на „паметниот текстил“

 

Ова технолошко откритие, опишано во научниот весник „Sensors“, би овозможило нови откритија за луѓето кои страдаат од хронични болести, постарите лица кои живеат сами, па дури и за пожарникарите и полицајците.

Истражувачите ја создале оваа „паметна ткаенина“ со поставување на повеќе слоеви на бакар, полимери, стакло и сребро. Таа делува и како сензор и како антена. Издржлива е и доволно флексибилна за може да се вплете во волна или памук. Квалитетот на сигналот е доволно добар како и кај комерцијалните антени. Површината на ткаенината може да се прилагоди да следи голем број на информации како што се нивоата на глукоза, срцевиот ритам, активноста на мозокот, движењата и просторните координати.

Овој пронајдок ќе биде соодветно патентиран, иако одредени елементи се’ уште треба да се поправат за биде спремен за комерцијализација. Технологијата ќе мора да се поврзе на бежична мрежа, а треба и да се реши прашањето за снабдувањето со енергија.

Научниците тестирале голем број на решенија и резултатите се ветувачки. Исто така, тие треба да се осигураат дека ткаенината е стабилна и нема да ја оштетат хемикалиите во детергентите.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt