Нова технологија против турбуленции инспирирана од птиците

Истражувачите од истражувачкиот тим за безпилотни системи на Универзитетот „RMIT“ во Мелбурн, Австралија, го патентирале системот што го имитира начинот на којшто пердувите им помагаат на птиците да ги детектираат нарушувањата во воздухот.

Професорот Симон Воткинс, надзорник на истражувањето, изјави дека пробно летање на микроавион покажало дека системот значително ги намалува ефектите на турбуленцијата.

„Чувствувајќи ги налетите на ветер и нарушувањата во протокот на воздухот преку пердувите, птиците се способни да летаат грациозно наместо да потскокнуваат во турбулентниот воздух“, вели тој.

„Системот што го развивме ја копира оваа природна технологија, со цел да им овозможи на авионите непречено да летаат дури и преку тешки турбуленции, исто како птиците“.

Системот е заснован на концептот на предвремено препознавање на фазите, при што нарушувањата во воздухот се чувствуваат пред да имаат некаков резултат на движењето на авионот. Тоа се постигнува со рано детектирање на притисокот од налетите на ветер на предните делови на крилјата, или преку мерење на налетите на ветер пред крилјата.

„Додека ние истражуваме начин за да ја примениме оваа технологија на поголеми и побрзи авиони, ја докажавме идејата на помали и полесни авиони кои всушност и најмногу потскокнуваат“, вели тој.

Патентирањето на овој систем за ублажување на турбуленциите на авионите го претставува успешниот исход на истражувањето на проф. д-р. Абдулгани Мохамед, надгледувано од страна на професорот Воткинс. Теоретските придонеси на г. Мохамед, во областа на турбуленциите, го потпомогнаа развојот на овој пронајдок.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt