Детекција на црната материја преку „GPS“



И покрај одредени докази за нејзиното постоење, црната материја и нејзината природа се’ уште претставуваат мистерија. Најшироко е прифатена теоријата дека се работи за „WIMPs“ (weakly interacting massive particles) односно масивни честици со слаба интеракција. Но оваа претпоставка можеби и не е сосема точна.

Модерната физика и космологија можат да објаснат само 5% од масата и енергијата во универзумот како обична материја, но остатокот се’ уште претставува мистерија.
Постојат докази дека црната енергија сочинува околу 68% од оваа мистериозна маса и енергија, со што останатите 27% генерално се прифатени како црна материја иако не е видлива и „дофатлива“ за директна детекција и мерење.

Постои и друга теорија според која црната материја претставува „тополошки дефект“ во квантното поле. Физичарите Андреј Деревијанко од Универзитетот во Невада и Максим Поспелов од Универзитетот Викторија во Канада, водени од идејата дека црната материја може да биде организирана како голема колекција од тополошки дефекти, која е слична на гас, или енергетски пукнатини, предложија метода за детектирање на тие дефекти со помош на „GPS“ сателити и мрежа од атомски часовници. „Идејата е дека кога часовниците ќе „излезат“ од синхронизација, ќе знаеме дека црната материја, односно тополошкиот дефект поминал“, велат тие.

Научниците почнуваат да ја тестираат идејата за детекција на црната материја преку анализа на податоците од 30 „GPS“ сателити што користат атомски часовници за секојдневна навигција. Ако претходно синхронизираните часовници излезат од синхронизација и ако се појави временска разлика помеѓу просторно одделените часовници, тоа би претставувало јасен знак за потврда на ваквата теорија.

Двајцата физичари вршат анализа на податоците во соработка со Џеф Блувит, директор на геодетската лаборaторија на Универзитетот во Невада, која претставува најголем центар за обработка на податоци во светот. Овој центар е  во состојба да обработува податоци од 12 000 станици од целиот свет – 24/7.

„Додека Замјата орбитира низ нашата галаксија таа поминува низ овој гас. Според нас, тој гас би претставувал нешто како галактички ветер од црната материја што дува низ системот на Зејата и нејзините сателити. Ова може да предизвика повремено часовниците да излезат од синхронизација со сигнализирачкиот модел за период од околу 3 минути. Ако црната материја предизвика часовниците да излезат од синхронизација повеќе од еден милијардити дел од секунда , лесно би можеле да ги детектираме ваквите настани“ – објаснуваат научниците.

Овој труд е објавен во електронското идание на списанието „Nature Physics“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt