Милион морски ѕвезди мистериозно умираат во последните три години по должината на брегот на Америка, од Аласка до југот на Калифорнија.

Оваа необична појава започнала во јуни 2013 година, кога се регистрирани првите случаеви на умрени морски ѕвезди, вели Џонатан Слиман, директор на американскиот Центар за истражување на дивата фауна на институтот за геофизика.

За да доловиме што поточно им се случува на морските ѕвезди би кажале дека е исто како вашата рака или нога спонтано да се откине и замине подалеку од вас, што воопшто не е сензационално.

Имено, десетици илјади морски ѕвезди се инфицирани од мистериозна болест, а симптомите се застрашувачки. Краците на заболените единки самостојно се превиткуваат во чворови додека не се откинат, развиваат отворени рани и ползат во спротивна насока, подалеку од телото, дозволувајќи нивната внатрешност да се истури наоколу, и така матичната единка испловува мртва на крајбрежјето.

Ниту едно истражување направено до сега, не се заснова на цврсти докази за тоа како се шири болеста и од каде потекнува. Она што се знае е дека најмногу се погодени два вида на ѕвезди – виолетова ѕвезда и (pisaster oćraceus) и ѕвездите познати како морско сонце (pycnopodia heliandhoides). Ѕвездата морско сонце е најголемата ѕвезда во морето, со дијаметар од повеќе од еден метар.

„Претпоставуваме дека се во прашање некои патогени бактерии, паразити, вируси или бактерии кои ги напаѓаат морските ѕвезди и влијаат на нивниот имунолошки систем и создаваат промени во организмот кои се смртоносни”, вели еден професор по биологија на Универзитетот во Санта Круз во Калифорнија.

Мртви морски ѕвезди
Мртви морски ѕвезди

Во периодот од последниве три години, Ијан Хјусон, професор по микробиологија на Универзитетот Корнел и неговиот тим посочуваат дека идентификувале вирус во болните морски ѕвезди (SSWD), но потребно е да се направат доста тестови за да се утврди дали овој вирус е причинител за нивното изумирање.

Хјусон и неговиот тим, најпрво го отстраниле вирусот од заболена морска ѕвезда, а потоа го инјектирале во здрава, со цел да се види дали ќе се разболат и тие. И така се случило. Здравата морска ѕвезда исто така почнала да се дели од целата единка.

„Чувствуваме дека имаме доста силен доказ. Дефинитивно смртта е предизвикана од вирусот”, вели хјусон. „Нуркањето во океанот со шприцеви за вакцинирање во рака и ловење морски ѕвезди не е изводливо, но е симпатична мисла”.

Меѓутоа, сега кога веќе е идентификуван најверојатнот причинител на оваа болест, се очекува да се испитаат и други фактори кои се вклучени, како што се климатските промени, глобалното затоплување, нивната средина и слично.

И во случај да бевте загрижени, Хјусон истакнува дека нема ризик од ширење на вирусот меѓу луѓето и не постои шанса да се инфицираат.

„Нема вашите екстремитети да се одделат и започнат да ползат околу вас. Добро е да се знае”– додава тој.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt