Мумијата во адидас патики и натаму крие многу тајни

Археолозите во април, минатата година во Монголија, пронајдоа античка мумија која на себе носеше чевли кои потсетуваат на денешните Адидас патики. Истражувачите сега успеале да ја исчистат и разоткријат извонредни детали поврзани со овие чевли со црвено-црни линии, кожен ѓон и декоративен вез.

“Кога беше објавено откритието, многумина овие чевли ги прогласија за Адидас, поради видливите три ленти на страна. Во таа смисла, тие се интересни за етнографи, особено затоа што тие изгледаат модерно”, вели Galbadrak Enkbat, директор на Центарот за културно наследство на Монголија.

Центарот ја реставрираше мумијата, и беше откриено дека станува збор за шивачка од Турција која починала на Алтај во Монголија. На прв поглед, се чинеше дека мумијата е стара 1500 години, но подоцна беше утврдено да дека е 400 години помлада од тоа.

Таа починала после силен удар во главата, а натамошните истражувања би требало да откријат повеќе за нејзиниот живот и смртта. До нејзиното тело се пронајдени ташна, огледало, чешел, нож, седло и остатоци од цел коњ.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt