Научниците отвориле ковчег стар 2500 години за кој мислеле дека е празен

A 2,500-year old coffin that may contain a mummy lies at the University of Sydney in Sydney, Australia March 27, 2018. REUTERS/Colin Packham

Научниците во Австралија откриле останки од мумија во елегантно изрезбарен египетски ковчег, стар 2500 години за кој претходно верувале дека е празен.

Во музејот Николсон во Сиднеј, повеќе од 150 години се чуваат четири антички египетски сандаци во кои се наоѓаат три сочувани мумии. Минатата година научниците го отвориле четвртиот не надевајќи се дека ќе пронајдат предмети од голема вредност.

“Сите досегашни податоци кои ги поседуваме велеа дека ковчегот е празен”– вели Џејми Фрејзер, кустос во музејот, но се покажало дека во него се наоѓаат 10% од телесни остатоци кои се оштетени најверојатно од ограбувачи на гробници.

Доктор Фрејзер вели дека ковчегот и припаѓал на жена која се викала Мер-Неит-ит-ес, која била или свештеничка или побожна жена. Хиероглифите на саркофагот датираат од 6000 година пред н.е.

Со помош на компјутерска томографија минатата недела е потврдено дека во ковчегот се наоѓаат неколку коски, остатоци од завои со кои телото било обвиткано, фрагменти од смола, како и над 7.000 монистра од погребна наметка.

“Остатоците од мумијата се тешко оштетени. Најверојатно сторителите се крадци кои барале накит и амајлии. Коските кои се наоѓаат внатре се целосно искршени и измешани со остатоци од други предмети”,- објаснува Фрејзер.

Поддржете ја нашата работа: