Мумифицираните тела на возрасно лице и дете, замотани во бакар, се откриени откако со векови биле замрзнати во сибирскиот мраз.
Известувањето на гувернерот Yamalo-Nenets вели дека ова неодамнешно откритие опфаќа две мумии замотани во дебел текстилен материјал, крзно и кора од дрво. Возрасното лице е обложено со бакарни плочи, а бебето прекриено со бакарни садови. Се верува дека бакарот е користен поради своите антибактериски својства со цел да се зачуваат телата. Остатоците се дополнително заштитени со мраз на овој студен дел од светот.
Поголемата од двете мумии е со должина од 170 сантиметри, што покажува дека станува збор за возрасно лице. Помалата мумија е проценета како дете не постаро од 6 месеци.
На експертите останува да ги разоткријат остатоците, но тоа е помалку комплицирана процедура бидејќи постои страв дека при отворање на облогите може да се оштетат телата и да се влоши состојбата на ткивата, – објаснува Евгенија Свијатова, антрополог од Центарот за заштита и користење на спомениците на историјата и културата.
Археолозите ги пронашле мумиите во близина на еден долгогодишен споменик, во близина на Салекард, Русија. Овој град се наоѓа на брегот на Кара на Арктичкиот океан, каде просечната температура е -5,72 ° C.
Двете мумии ќе бидат испитувани во лабораторија, каде ќе поминат низ серија генетски и форензички тестови. Истражувачите на проектот се надеваат дека своите резултати ќе ги претстават оваа година на конференцијата во Салекард.
Староста на остатоците сеуште не е потврдена, меѓутоа познато е дека местото било најактивно во 13ти век. Телата се најнови помеѓу мумиите пронајдени на археолошкото наоѓалиште Зелени Јар од 1997ма година. Само помеѓу 2013та и 2017та година истражувачите пронашле 47 гробници.