Приклучете се на курсот за црни дупки – од супернови до квазари

Астрономскиот центар Орион организира курс за ЦРНИ ДУПКИ. Предавањата ќе се одржат во 3 термини со почеток во четврток, 11 мај во 20:00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Подготвени се 8 предавања од области што ги допираат екстремните појави на црните дупки. Курсот е осмислен да биде од популарен карактер, што значи дека за негово следење не се потребни предзнаења.

Преку овој мини курс ќе се запознаете со сите најважни појави што ги карактеризираат овие фасцинантни космички објекти, начинот на нивното создавање, директни и индиректни набљудувања, нивниот надворешен изглед во разни средини и како овие „црни”, невидливи објекти ги предизвикуваат најсјајните појави во Универзумот кои се билиони пати посветли од ѕвездите на нашето небо.

Повеќе детали тука.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.