Јапонски остров забранет за жените се најде на листата на УНЕСКО за светското наследство

Светиот остров Окиношима во југозападна Јапонија, каде на жените им е забранет пристап е прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО.

Статусот светско културно наследство на Окиношима му е доделен на годинешниот состанок на комисијата на УНЕСКО одржан во Краков, Полска на 09-ти јули.

На островот Окиношима, кој е лоциран на половина пат помеѓу северозападниот главен остров Кјушу и Корејскиот полуостров,  се наоѓа храмот Окитсу од 17-тиот век кој служел како место за молитви за безбедноста на морнарите.

На свештениците од  Мунаката Таиша – група на шинтоистички светилишта во принцип им е дозволено да дојдат на островот и да се поклонат во храмот.

На островот постојат строги правила за бројот на луѓе што меже да го посетат. Островот прима посетители само еднаш годишно, на 27-ми мај, во чест на загинатите морнари во руско-јапонската поморска битка од 1904-05 година.

Може да има најмногу 200 посетители и тоа само мажи, кои мора претходно да поминат ритуално капење во морето, за да се очистат од нечистотиите. На посетителите не им е дозволено ништо да замат за спомен, вклучително и мали предмети како гранчиња, каменчиња и тревки од островот.

На жените воопшто не им е дозволен пристап на островот, а причината за тоа никогаш не е јавно обелоденета.

Овој статус ќе му овозможи на Окиношима пристап да фондовите за негово одржување, но според главниот свештеник од Мунаката Таиша, забраната за туристите и за жените  и понатака ќе остане на сила.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.