Зошто го сакаме сјајот? Опседнатоста со светките има еволутивно објаснување

Пред да помислите ,,еве ЈАС не ги сакам‘‘, ако сте женско, само да ве прашаме, дали ќе одбиете дијамант? Тешко… А суштината е иста.

Зошто луѓето толку ги привлекува сјајот?

Културолошки гледано, блескавите работи ги сакаме бидејќи низ историјата се симбол на богатство, статус и моќ. Астролозите забележуваат дека светкавите небесни тела имаат духовна моќ кај луѓето.

Но, постои нешто повеќе од феноменот  ,,ооо, колку е убаво‘‘. Бебињата не можат да разликуваат драгоцен накит од бижутерија, но сепак, најпрво би го ставиле во уста златото, ако имаат можност да бираат. Шегата на страна, нив повеќе ги привлекуват сјајните предмети, од оние кои се мат.

Верувале или не, нашата потреба за сјајност, потекнува од нашата потреба за вода. Човечка потреба е да имаме доволно вода на располагање. Нашите предци секогаш биле во потрага по светкави потоци и бистри езера, а ние сме наследиле да бидеме вљубени во сјајни, светкави ситници.

Во соработка со: gostivarpress.mk

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt