Откриена маска која ќе помогне подобро да ја разбереме цивилизацијата на Маите

Во јужниот дел на Мексико е откриена маска на која е прикажан антички крал на Маите од 7-от век. Археолозите сметаат дека маската го опишува владетелот на Маите Кхинич Јанаб Пакал, познат под името “Пакал Велики”.

Овој артефакт од 7 век целосно се разликува од сите досега пронајдени предмети од цивилизацијата на Маите, бидејќи го прикажува кралот во неговата старост, со виднили брчки по лицето. Пакал владеел од својата дванаесетта година, па се до својата смрт на 80 годишна возраст. Неговото 68-годишно владеење е едно од најдолгите 30 владеења кои се забележани во светот.

According to Institute Director Diego Prieto, the mask appears to show the face of K'inich Janaab' Pakal – also known as Pacal the GreatАрхеолозите ја пронашле оваа маска при ископување на наоѓалиштето Паленке во Мексико, на самата граница со Гватемала. Штуко маската, со големина од 20 см. е пронајдена од страна на тимот од Националниот институт за антропологија и историја (INAH).

“Маската го прикажува ликот на кралот Пакал Велики, кој владеел од 615 – 683 година и оваа е прв предмет пронајден од ваков вид” вели директорот на институтот Диего Прието.

“Елеганцијата и занаетчиството на градбите, како и леснотијата на извајаните релјефи со митолошки теми на Маите, го потврдуваат креативниот гениј на оваа цивилизација” – објаснува УНЕСКО, на својата веб-страница.

Освен маската, археолозите пронашле и керамички фигури, украсени коски и остатоци од неколку животни, вклучувајќи гуштери, ракови и желки.

Во последно време се направени бројни научни истражувања кои треба да ни помогнат за подобро разбирање на цивилизацијата на Маите. Така неодамна се пронајдени и докази дека колапсот на ова општество всушност бил последица од долга суша.