Цивилизацијата на Маите била една од најголемите цивилизации во предколумбовската ера и се протегала во северните делови на Средна Америка, влучувајќи ги и денешните тертории на Гватемала, Белизе, Ел Салвадор, јужниот дел на Мексико и западен Хондурас.
За време на класичниот период (250-900 н.е.), најголемиот број од градовите на Маите го достигнале врвот во урбанизмот и изградбата. Најзначајни споменици од тој период се античките храмови на Маите кои биле изградени речиси во сите поважни градови.
Од причини кои и денес се непознати, повеќето од центрите на Маите доживеале пад во тек на подоцнежните векови и на крај биле напуштени, оставени само во уранатини. Постојат неколу можни причини за ваквиот пад, меѓу кои и исцрпеност на почвата, губиток на водата и ерозии. Меѓу другите причини можни се и големи катастрофи, како земјотреси, болести, како и инвазија од околните народи и култури.
10. Ламанаи
Лоциран на северот на Белизе, Ламанаи бил град со значителна големина. Античките урнатини сѐ уште не се целосно откриени. Археолошките работи главно се концентрирани на истражување на големите структури, како што е Високиот Храм – со висина од 33 метри. Бидејќи сѐ уште бил населен од Маите кога тука пристигнале Шпанците, Ламанаи – што на јазикот на маите значи „потопен крокодил“ е еден од ретките мајански градови што го задржал традиционалното име.
9. Коба
Коба во Мексико бил голем антички град на Маите, кој го населувале околу 50.000 луѓе. Повеќето споменици во Коба биле изградени помеѓу 500-тата и 900-тата година. Биле градени нови храмови, а старите биле одржувани и обновувани најмалку до 14-тиот век, но можеби и до доаѓањето на Шпанците. Коба има неколку храмови пирамиди. Највисоката, пирамидата Нохоч Мул, е висока околу 42 метри. Денеска само мал дел од локалитетот е очистен од џунглата и реставриран од археолозите.
8. Каракол
Сместен на 500 метри надморска височина, Каракол е најголемиот мајански град во Белизе. Тој бил најголем град на Маите, распространет на површина од 168 квадратни километри. Врвот на својот подем го достигнал околу 650-тата година, кога се проценува дека броел околу 150.000 жители – двојно повеќе од денешениот град Белизе Сити. Најголемата пирамида во Каракол е Канаа (Canaa) и со висина од 42 метри сѐ уште е најголемата градба во Белизе.
7. Копан
Лоциран во западен Хондурас, Копан бил релативно мал мајански град, познат по извонредната серија на стели. Декоративните стели и скулптури на градбите во Копан се едни од најубавите сочувани уметнички дела од античка Средна Америка. Некои од камените структури во Копан датираат од 9-тиот век п.н.е. До 5-тиот век градот израснал во еден од најзначајните мајански градови со повеќе од 20.000 жители, но мистеризно бил напуштен неколку векa подоцна. Највисоката точка во Копан е древен храм на Маите, сега познат како Храмот 16, што се издига 30 метри над градот.
6. Тулум
Градот Тулум се наоѓа на источниот брег на полуостровот Јукатан во Мексико. Некогаш служел како главно пристаниште на мајанскиот град Коба. Тулум бил изграден околу 1.200 година кога мајанската цивилизација веќе била во опаѓање, па затоа ја нема елегенцијата како некои од другите познати градови. Тропската позадина сепак го прави уникатен мајански град што не треба да се пропушти.
5. Калакмул
Калакмул е мајански град скриен во џунлата на мексиканската сојузна држва Кампече. Тој е еден од најголемите градови на Маите што се откриени досега, со преку 6.500 идентификувани антички структури. 55 метри високата пирамида во Калакмул е далеку најголемата структура во сите мајански локалитети. Како и многу други антички храмови на Маите, големината на пирамидата од Калакмул била зголемена преку надградување над еден постар постоечки храм достигајќи ја сегашната големина.
4. Паленке
Локалитетот Паленке се наоѓал на западната граница на империјата на Маите, кој денес се наоѓа во државата Чијапас во Мексико. Паленке е многу помал од некои од соседните мајански градови, но ги содржи едни од најубавите скулптури и архитектонски дела што Маите некогаш ги создале. Повеќето структури во Паленке датираат од 600-тата до 800-тата година, вклучувајќи го и Храмот на натписите, единствената средноамериканска пирамида изградена како погребен споменик.
3. Ушмал
Ушмал, што на јазикот на Маите значи „три пати изграден“, е еден од најдобро сочуваните предколумбовски локалитети во Мексико. Најпрепознатлива и највисока градба е 35-метри вискоката „Пирамида на волшебникот“. Темелите на оваа пирамида се овални, за разлика од останатите пирамиди на Маите кои се правоаголни или квадратни. Пирамидата била изградена во пет фази, почнувајќи од шестиот век, со периодични продолжувања на изградбата сѐ до 10-тиот век.
2. Тикал
Сместен во низинските шуми на северниот дел на Гватемала, Тикал е можеби најпрекрасниот од сите градови на Маите. Низ овој локалитет се наоѓаат многу реставрирани градби, но уште повеќе руинирани згради сѐ уште се скриени во џунглата. Помеѓу 200-тата и 900-тата година, Такал бил најголемиот мајански град со население помеѓу 100.000 и 200.000 жители, според проценките. Тикал содржи шест многу големи храмови-пирамиди. Најголемата Храм-пирамида IV е висока 72 метри и била завршена околу 720-тата година.
1. Чичен Ица
Ел Кастиљо е прекарот на еден од најспектакуларните храмови на Маите, кој доминира на археолошкиот локалитет Чичен Ица. Градбата на храмот има посебно астрономско значење. На секоја страна од пирамидата има скали со по 91 скалило, кои со заедничкото последно скалило сочинуваат 365 – бројот на деновите во годината. Искачувањето на Ел Кастиљо не е дозволено од 2006 година, откако една жена паднала од пирамидата и починала.