Спијте како Никола Тесла

Знаете ли дека ви се потребни само неколку часови сон за совршено да функционирате?

то имаат заедничко големите умови – Никола Тесла, Салвадор Дали, Да Винчи и Томас Едисон? Сите овие генијалци ја усовршиле продуктивноста со хакирање на својот циклус на спиење. Со точно планирање на времето за спиење, тие само со 3 до 4 часа интензивен, длабок сон, успевале да бидат продуктивни 20 часа.

Секој човек има свој ритам на спиење. Времетраење, интензитетот и условите за спиење се различни од човек до човек. Проблемот е што ги немаме точните податоци за да знаеме каков е нашиот циклус, можеби ни се потребни 5 часа сон, можеби само 4, од 2 до 6 наутро.

Токму затоа, сега постои направа, поточно, стегач за глава со маска за очи, наречена Neuroon Open којашто служи за ефективно спиење, длабока медитација и луцидни соништа.

Стегачот за глава е всушност електроенцефалограм (ЕЕГ) кој ги мери мозочните бранови и LEDмаска којашто ви помага да се разбудите или да поттикне луциден сон. ЕЕГ овозможува точно одредување на навиките на спиење, како и на вашите потреби и му помага на мозокот да постигне медитативна фаза.

Наместо да се трудите да спиете 8 часа, Neuroon Open ви кажува колку часа ви се потреби, овозможувајќи ви да додадете многу продуктивни часови вовашата работна седмица.

Извор: Pharma News

 

 

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.