Флавија, женката слон која е позната и како најтажната на светот, почина во шпанската зоолошка на 47 годишна возраст, после повеќе од четири децении заробеништво во градината.
Флавија, 43 години живеела сама во својот заграден простор во зоолошката градина во Кордоба во јужна Шпанија.
? Ayer amanecimos con la triste noticia del fallecimiento de nuestra querida elefanta Flavia ?
Con este audiovisual rendimos homenaje a ella y a su familia más cercana: los trabajadores y trabajadoras públicas del Zoo de #CórdobaEsp#HastaSiempreFlaviahttps://t.co/voOvCHMXQc— IU Córdoba Ciudad? (@iucordobaciudad) March 2, 2019
Здруженијата за заштита на животните од Шпанија неколку пати се обиделе да ја преместат Флавија во друг простор со цел да живее со други слонови, но не успеале.
Порано беше соопштено дека нејзиното физичко здравје се влошувало во текот на последните шест месеци пред смртта, а исто така е пријавено дека таа пати од депресија.
Министерката за животна средина Ампаро Перниќи на прес-конференција за новинари изјави дека Флавија во последните мигови не можела да стои на нозе, и затоа била успиена.
Таа го опишува слонот како симбол на градот, и дека смртта била особено тажна за оние кои се грижеле за неа низ нејзиниот живот и во последните моменти.
Претседателот на организацијата PACMA, Силвија Баркуеро, вели дека Флавија низ годините била сама и заробена во зоолошката градина.
“Се надеваме дека ниедно животно нема повторно да помине низ ова, слоновите се социјални животни како луѓето и се познати по тоа што развиваат силни врски со семејството и можат да живеат до 70 години во дивината“, додава таа.
































