Папагалите можат да учат да играат самостојно како луѓето (+ Видео)

Новата студија објавена во списанието „Current Biology“ тврди дека спонтаното движење што се појавува кај луѓето од сите култури во присуство на музика е исто така одлика и на папагалите.

Ова пред се како што сметаат научниците се должи на можноста што ја поседуваат папагалите за учење со помош на слушање звуци , што е карактеристика својствена за луѓето меѓутоа не и за мајмуните.

Со анализата на движењата на познатиот папагал „Snowball“ утврдиле дека тој поседува 14 различни танцови движења и дури две цели запомнети кореографии. Ова според научниците е можен знак за креативност.

„Ова е за прв пат да некоја друга врста игра на музика креирана од луѓето и тоа спонтано и без тренинг , темелено на сопствен развој и социјализација со луѓето“

Изјавил „Aniruddh Patel“ психолог од униврзитетот Туфтс и Харвард

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt