Смртта на Windows 7 и што значи тоа за вас!

Мајкрософт нè предупредуваше дека ќе дојде овој ден. И сега, скоро е тука.

Крајот на животот на Windows 7 е на 14 јануари 2020 година. По тој рок, корисниците на Windows кои работат со постари верзии на оперативниот систем, ќе се соочат со тежок избор – голема сметка за надградување на Windows 10, или да се спремат за огромни ризици.

Со завршувањето на поддршката на оперативниот систем Windows 7, кој првпат е лансиран во Јули 2009 година, Мајкрософт ќе престане да го ажурира со новите функции, безбедносни ажурирања или заштити од малициозен софтвер. Тоа значи дека сите проблеми со софтверот – или какви било нови слабости откриени од компјутерски криминалци – може да се искористат бескрајно. Помалку сериозно, можеби – но ова исто така значи и какви било вознемирувачки грешки или багови исто така ќе бидат овековечени во оперативниот систем.

Доколку сакате да имате корист од најновите безбедносни заштити и антивирусни решенија од Мајкрософт, ќе треба да ја ажурирате вашата машина во оперативниот систем Windows 10. Иако Мајкрософт понудуваат бесплатни надградби на корисници кои работат во минатото со официјални верзии на нивните оперативни системи, тоа не е можно во моментот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt