Абориџините живееле 50.000 години на исти места

Анализите од примероци на коса, земени минатиот век покажуваат како Австралијанските абориџини се населиле во земјата. Тие покажуваат дека многу популации се населиле и останале таму 50.000 години. Студијата објавена во списанието Nature, ја нагласува неверојатната поврзаност и историја на Абориџините семејства и заедниците со земјата во која живеат.

Импресивно е тоа што примероците од ДНК во парчињата коса им овозможуваат на истражувачите да го пронајдат патот кон оригиналното основање на населението и како тие се шират низ Австралија. Додека земјата била сеуште поврзана со Папуа Нова Гвинеја, пред околу 50.000 години се чини дека луѓето кои пристигнале завземале две патеки. Една група заминала на исток, додека друга на запад, минувајќи по должината на брегот и избегнувајќи ја внатрешноста.

Потоа во текот на неверојатно краток период од 1500 до 2000 години, двете одделни групи конечно се сретнале во Јужна Австралија. Она што е поважно е тоа што во почетокот на миграцијата тие се населуваат во надворешноста.

“Зачудувачки е фактот дека чиниш за следните 50 000 години заедниците останале во одделни географски регионии”, вели лидерот на проектот професор Алан Купер во соопштението.


“Оваа популација, за разлика од било која друга, ја нагласува извонредната врска која ја имаат Абориџините со земјата. Се надеваме дека овој проект ќе доведе до препишување на историски текстови во Австралија со цел да се вклучат Абориџините и нивната детална историја и значајноста за нивното присуство во оваа земја”, објаснува Купер.

Студиите за Абориџинската раса, традиционално биле тешки за спроведување, а ова главно се должи на владината политика, која еднаш кога ќе здогледаат дете од оваа раса, го одделувале од неговото семејство и го праќале на други делови од земјата, отсекувајќи ги сите физички врски со неговото семејство. Сепак со користење на примероци од коса, собрани со дозвола во текот на антрополошките истражувања помеѓу 1928 и 1970 година, научниците биле во можност, детално да ја проучат генетиката на Аборџините.

Ова е доста возбудлив проект, при кој науката ја покажува врската со светот и се надеваме дека ќе им помогне на граѓаните од украдената генерација да ги обединат нивните семејства.

Поддржете ја нашата работа: