Змијата со три очи, наречена “Монти Пајтон”, пронајдена е во градот Хампти Ду, северна Австралија.
Необичниот дијамантен питон, долг околу 40 сантиметри е откриен кон крајот на март, на автопатот Арнхем, со деформиран череп и три функционални очи од кои едното се наоѓа на средина на главата.
Имал потешкотии со голтање од моментот кога е пронајден, до неговата смрт, минатата недела.
Научниците сметаат дека најверојатно третото око се развило во раната ембрионалната фаза и дека не е последица на влијанието на средината.
Експертот за змии Брајан Фрај рекол дека мутациите се природен дел од еволуцијата.
-Секое бебе има некаков вид мутација – ова е само посебно груба и изобличена – рекол професорот Фри од Универзитетот во Квинсленд.
Поддржете ја нашата работа: