Адидас ги претстави првите патики целосно изработени од роботи во објектот „Speedfactory“ во Германија. Се очекува многу поголемо производство на патики изработени од роботи кога фабриката ќе започне со комерцијално производство во 2017 година.
Компаниите сѐ повеќе користат роботи за изработка на нивните производи. Според заводот за статистика на САД, роботите ќе преземат околу пет милиони работни места до 2020 година, само во САД. Меѓународната организација за труд исто така објави дека 137 милиони азиски работници во следните 20 години би можеле да ги загубат своите работни места, заради употребата на роботите.
Компанијата Адидас веќе на големо смета на роботите. Производството во нивната фабрика во Германија речиси целосно го изведуваат роботи, а сега го гледаме и нивниот прв прозвод.
Ова се „Futurecraft M.F.G“ („Made for Germany“ или во превод направени за Германија) – патики за трчање, со заштитниот знак на Адидас на 3Д печатен појачан внатрешен слој.
Адидас, исто така го автоматизира дизајнирањето на патиките преку „Aramis“ тенологијата, со која се одредуваат движењата. Со ова се одредува притисокот и напнатоста во кожата и коските на поединецот, со што се добиваат подобри обувки.
Потпретседателот за дизајн на Адидас, Бен Хит, вели дека „M.F.G“ се пример како роботите се користат за изработување на патики кои се посоодветни за спортистите.
Адидас планира да ја реорганизира индустријата со својата линија „Futurecraft“, но засега може да понуди само 500 пара патики. Повеќе вакви обувки се очекува откако „Speedfactory“ ќе започне со комерцијално производство во 2017 година.
https://www.youtube.com/watch?v=FVpfVdXxcCA