Акционите видео игри го подобруваат учењето


Со други истражувања веќе било покажано дека „гејмерите“ се подобри во многу области од оние што не играат видео игри. Оваа студија покажува дека тие се подобри бидејќи се подобри ученици благодарение на тоа што играат брзи акциони игри, вели Дафне Бевелиер, професор на Универзитетот во Рочестер.

Според Бевелиер, нашиот мозок настојува да предвиди што доаѓа следно, независно дали е тоа при  разговор, при возење или дури и при извршување на хирушки зафати. За да ги изостри тие предвидувачки способности, нашиот мозок постојано гради модели или „шаблони од светот“. Колку се подобри тие шаблони,толку се подобри и способностите,   објаснува таа.

Во ова истражување, со помош на посебен тест, се споредени визуелните перформанси на лица кои играат акциони видео игри, со лица кои не играат игри. Гејмерите покажале многу подобри резултати.

Потоа истражувачите спровеле уште еден експеримент – видео тренинг – за да утврдат дали гејмерите кои играат брзи видео игри имаат поголема дарба да развијат подобри модели независно од играњето или пак играњето акциони игри доведува до создавање на подобри шаблони.  

Во експериментот учествувале две групи од кои едните играле брзи акциони видео игри 50 часа во рок од девет недели, а другата група во истиот период играла други игри. Учесниците биле тестирани на почетокот и по завршувањето на експериментот.

Тестот покажал дека групата која играла акциони игри ги подобрила своите шаблони во споредба со другата група, што се покажало и со побрзото решавање на перцептивната задача која потоа им била зададена.

Истражувачите, исто така, забележале дека подобрените способности се долготрајни. После повторно тестирање на учесниците по неколку месеци, тие што играле брзи видео игри повторно покажале подобри резултати од останатите, што укажува на тоа дека тие ја задржале способноста да изградат подобри шаблони.

Тимот на Бевелиер сега истражува кои карактеристики од акционите видео игри се клучни за потпомагање на учењето. Истражувањето е објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“

Се извинуваме за српскиот јазик на видеото , меѓутоа сметаме дека голем дел од популацијата за која што е наменето видеото не го познава добро англискиот јазик и српскиот претставува најдобро решение во моментов.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: