Научниците развиле антитело кое убива повеќе од 99% од ХИВ вирусот

Научниците создале антитело кое напаѓа 99 проценти од  видовите на ХИВ и може да ја спречи инфекцијата кај цицачите.

Според студијата што е објвена во списанието „Science“, антителото е направено така што напаѓа три клучни делови од вирусот со што го отежнува опстанокот на ХИВ.

Истражувањето е плод на  соработката помеѓу Американскиот институт за здравство и фармацевтската компанија Санофи.

Нашето тело не може да се избори со ХИВ, поради неверојатната способност на вирусот да мутира и да ја менува својота појава.

Овие варијации на ХИВ вирусот – или видови кај еден пациент може да се споредат со оние на вирусот на грип во текот на сезоните на грип. Тоа значи дека мунолошкиот систем мора да се бори против различни  видови на ХИВ.

Меѓутоа, после повеќегодишна инфекција, еден мал број од пациентите развиваат моќно оружје наречено „широко неутрализирачки антитела“, кои ја напаѓаат сржта на ХИВ и можат да убијат поголем дел од ХИВ видовите.

Истржувачите се обидуваат да ги искористат овие антитела во лекувањето на ХИВ, или првенствено за превенција на инфекцијата. Во ова истражување комбинирани се три такви антитела во уште помоќно „тројно антитело“.

Доктор Гери Нејбел, водач на истражувањето во Санофи, вели дека ваквото оружје е помоќно од најдобрите природни антитела.

„Надоброто антитело би атакувало на 90 проценти од ХИВ видовите. Ние добивме 99 процентна покриеност и тоа со мала концентрација на антителото“– вели др. Најбел.

Експериментите што биле спроведени на 24 мајмуни покажале дека ниедно од животните на кое му било дадено тројното антитело не развило инфекција, откако подоцна им бил инјектиран вирусот.

Првите клиничките тестирња на луѓе ќе започнат следната година.

 

Поддржете ја нашата работа: