Алкохолизмот на „YouTube“

Според новото истражување направено од Центарот за истражување на медиуми, технологија и здравје на Универзитетот во Питсбург, најпопуларните 70 видеа на „YouTube“ на кои се прикажува пијанство имаат над 300 милиони прегледи, со многу малку укажувања за негативните последици од прекумерното конзумирање на алкохол.

„Големата популарност на овие видеа дава можност за интервенции во врска со јавното здравје со цел да се едуцира  младата популација за негативните ефекти од прекумерната употреба на алкохолот“- нагласуваат истражувачите во написот објавен во  списанието „Alcoholism: Clinical and Experimental Research“.

„Постојат малку истржувања за пораките поврзани со алкохолот што се праќаат на интернет. Иако ни е познато дека некои гледачи се скептични кон музичките видеа и другите пораки кои го претставуваат алкохолот како „забавен“ , истите тие можат да бидат помалку цинични кон видета на „YouTube“ поставени од самите конзументи кои на хумористичен и социјално прифатлив начин ги прикажуваат пијаните врсници.

Овие 70 најпопуларни видеа имале вкупно 333.246.875 прегледи

·      Во 79% од видеата употребата на алкохолот била претставена на хумористичен начин.
·      Употребата на моторни возила била присутна во 27% од видеата.
·      Иако во 86% од видеата се работи за алкохолизам , само во 7% се однесуваат на зависноста од алкохол.
·      На секој “dislike” има во просек по 23,2 “like”.
·      Во 89% од видеата биле прикажани мажи, додека жените биле прикажани во само во 49%.
·      Конкретна марка на алкохол била прикажана во 44% од видеата.

„Ова е прв обид за опсежна анализа на податоци од „YouTube“ во врска со прекумерната употреба на алкохол и овие податоци  можат да бидат корисни во насочените интервенции. Знаеме, на пример, дека мажите имаат тенденција многу почесто да покажуваат кога се пијанчат од жените и дека пиењето алкохол е општествено поприфатливо за мажите. Бидејќи мажите се повеќе присутни во видеата на „YouTube“ би било корисно да се таргетираат мажите во идните интервенции за разобличување на митовите поврзани со алкохолот што се пропагираат во социалните медиуми“ – истакнуваат истражувачите.

Истражувачите исто така нагласуваат дека е загрижувачки што во видеата се покажуваат конкретни марки на алкохол. Иако ова може да е показател за влијанието на индустријата, истражувачите не забележуваат јасен показател за намерно рекламирање. Претходни истражувања покажале дека постои врска помеѓу зголеменото прикажување на одредена марка на алкохол во популарните медиуми и зголемената употреба на алкохол.

Поддржете ја нашата работа: