Американците создадоа нов суперматеријал

1 гр. кевлар е во состојба да aпсорбира енергија од 80 Ј, а новиот иновативен материјал од специјални полимерни нановлакна дури до 98 Ј. Основа на новиот материјал се две полимерни влакна, поливинилиден флуорид (PVDF) и кополимер трифлуоретилена поливинилиден флуорид (PVDF-TrFE), испреплетени меѓусебно. Елекрицитетот кој се создава со растегнување на испреплетените нановлакна, претставува една од досега најсилните врски формирани помеѓу молекулите.

Според експертите, материјалот може да се користи во воените и индустриските области. Всушност, постои огромна потреба од ваков тип на материјал.

Претходно, истражувачите развија материјал кој е сличен на кевларот во однос на јачината, но сепак не успеа да го замени во целост. На пример, во 2013 година група на инженери од Универзитетот во Флорида претстави нееластична мрежа на јаглеродни наноцевки.

Во моментов, кевларот  се користи  за изработка панцирни елеци, скии, гуртни, кабли за мостови, шлемови и други додатоци. Материјалот беше создаден во 1964 година од страна на американскиот хемичар Стефани Kволек.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.